Емотивна канадска реклама снимена во име на компанијата “Canadian Tire” и објавена во август на YouTube, стана убедливо најгледаното видео на светот во рок од десет денови, откако беше откриена од страна на корисниците на Фејсбук.
Рекламата наречена “Wheels” од 18 февруари до денес само на таа платформа собра повеќе од 50 милиони прегледи, што само сведочи за тоа дека пораката на авторот е добредојдена во “морето на црни приказни” кои секојдневно ни се изложени.
Ф.Г.