По кој знае кој пат, Серхио Рамос се најде на насловните страници поради неспортски потег на еден натпревар.
Во вчерашниот пораз од Англија, дефанзивецот на Шпанија и Реал Мадрид намерно згазна врз ногата на Рахим Стерлинг. Осудата од англиските медиуми беше неминовна, со оглед на историјата на Рамос и неговите слични испади на фудбалските терени.
Фудбалерот на Манчестер Сити беше стрелец на два од трите гола со кои Англичаните се радуваа на трите бода во Севиља.