Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се состанаа по втор пат, но сега во Виетнам.
Двајцата лидери се ракуваа и позираа покрај знамињата. Трамп рече дека се радува на “успешниот самит”.
Trump & Kim shake hands in Hanoi#TrumpKimSummit pic.twitter.com/eQBra68Gdj
— RT (@RT_com) February 27, 2019
Ким додаде дека успеале да преминат преку сите разлики.
Трамп рече дека односот меѓу двајцата лидери е навистина добар.
“Сакам да кажам дека ми е чест да бидам со Ким во Виетнам. Имавме многу успешен прв состанок и сметам дека и овој ќе биде подеднакво успешен, ако не и подобар. Постигнавме голем напредок и мислам дека најголем е напредокот во нашиот однос”, рече Трамп.
“Како што кажав повеќе пати, мислам дека вашата земја има неверојатен и неограничен економски потенцијал. Мислам дека вие, како голем лидер, ќе имате блескава иднина со вашата земја и се радувам на тоа. Ќе помогнеме тоа да се оствари”, рече Трамп.