Полицијата во Дарвин, Австралија е во потрага по четири мажи кои беа снимени од страна на безбедносните камери на училиште. Од снимката се забележува како пуштаат 3 крокодили во една од просториите на училиштето.
Тие го кршат прозорецот од предната канцеларија во училиштето и преку отворот ги пуштаат крокодилите. Сето ова се случило во 5 часот на утро.