(Видео) Публиката го скандираше името на херојот: Повеќе од 100.000 луѓе од Москва се поклонија пред пилотот кој спаси 233 животи

Ѕвездите на шоубизнисот, научници, јавни личности, како и херои на руската држава, учествуваа во одбележувањето на Денот на националното знаме на Русија во центарот на Москва на 24-ти август.

На концертот посветен на 350 годинишнината од руското знаме, пред повеќе од 100.000 луѓе на Авенијата Сагаров, говореше и Дамир Јусупов.

Овој 41-годишен пилот стана национален херој откако на 15-ти август безбедно го спушти авионот Ербас А321 кој беше онеспособен поради судир со јато галеби.

Јусупов спаси 233 патници и членови на екипажот, а неговата храброст беше наградена со орден за руски херој од претседателот Владимир Путин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.