Над 2.000 луѓе во Тел Авив протестираа против мерките кои ги презеде премиерот на Израел, Бенјамин Нетанајху.
“Вака се уништува демократијата во 21 век. Не се уништува поради тенkoви кои го преземаат парламентот, таа се уништува од внатре”, изјави пратеникот Јаир Лапид, лидер на партијата Јеш атид (Има иднина), која до неодамна беше во сојуз со поранешниот ривал на Нетанјаху.
Протестот наречен “Црно знаме” започна во март кога демонстрантите во конвој од неколку стотици возила стигнаа во Ерусалим поради, како што велат тие, недемократските мерки во борбата против пандемиjaта.
הוידאו הזה שווה ציוץ מחודש.@ynetalerts pic.twitter.com/swcijMR3rI
— איתי בלומנטל Itay Blumental (@ItayBlumental) April 19, 2020