(Видео) Пробиена апликацијата за попис? Програмерка од Македонија успеала да се попише со ВПН од Србија

Не требаше многу за да исплива на површина уште еден доказ дека пописот се спроведува прекутрупа. Дека целта на операцијата ни најмалку не е статистичка, потврдува и пропустот да се изработи солидна заштитена апликација за попишување на дијаспорта, пренесува Инфомакс.

И уште постpaшно – за надмудрување не се потребни xaкерски вештини.

Програмерка од Македонија објави дека успеала да се попише од дома, во Македонија, така што наместо со ИП адреса од Македонија, се регистрирала со ВПН со адреса од Србија.

„Го оставив мојот македонски број и без никаков проблем бев регистрирана и го пополнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а причина за престој имаше повеќе опции, од кои последната беше „друго“. Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнував адресата во Македонија, задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан“, пишува корисничката во Фејсбук групата Сојузен комитет на програмери на Македонија.

Самопопишувањето не е само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во периодот нема да биде во Македонија. Оттука, таа прашува зошто не постои подобра заштита на https://census.stat.gov.mk/ за да не можат резидентите да се попишуваат како дијаспора.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.