Пристигна новата верзија од популарната игра „Супер Марио“, а сега таа е достапна само за корисниците на „ајфон“ и на „ајпад“. Таа е бесплатна за преземање, но доколку корисниците сакаат да ги отклучат сите нејзини делови, ќе треба да плата 9,99 евра.
Еден од минусите на играта е тоа што за да се игра, телефонот треба да биде вклучен на интернет. Сепак, првите импресии од играта се одлични и наиде на пофалби кај корисниците. Велат дека графиката е многу добра, звукот е познатиот, а контролите крајно едноставни.