Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски, на синоќешната свечена церемонија во Луцерн го доби признанието за изборот во најдобрите 11 во тимот на 2016-та во швајцарската супер лига.
Очекувано македонскиот интернационалец имаше одлично издание во дресот на Лугано.
Во есенскиот дел од сезоната постојано беше на врвот на листата на стрелци, а потврда за добрата форма е и стандардното место кое го доби во македонската репрезентација во тековниот квалификациски циклус за пласман на светското првенство во Русија во 2018-та.