(Видео) Предупредување од родителите: Нема да ги пуштаат децата вo шкoлo пopaди вoвeдyвaњeто нa нoвaтa кoнцeпциja

Бојкот на наставата од утре во сите основни училишта во Македонија најавија родителите преку граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“. Незадоволни од образовните реформи кои министерството ги спроведува и од игнорантскиот однос на властите, на Денот на независноста ќе организираат трибина и ќе ги испорачаат уште еднаш нивните барања.

Реформите се наметнати, противуставни и противзаконски и со тоа се кршат родителските права за избор на образованието за сопствените деца. За тоа ние родителите во интерес на нашите деца на 6-ти септември ќе одржиме предупредувачки протест за кои се известени сите основни училишта на нивните официјални емајл адреси рече Драгана Спасевска.

Во меѓувреме родители сведочат дека се приморани да ги купуваат учебниците сами и покрај бесплатното образование кое треба да го гарантира државата.

„Наставниците им кажале на децата да ги принтаат учебниците, а принтањето, печатењето и фотокопирањето на авторски дела е против законско. Спаѓа во пиратерија. Со тоа МОН преку наставниците, не тера нас родителите да го кршиме законот“, се пожали родител во реадакцијата на Алфа.

Од друга страна пак на социјалните мрежи се нудат принтани учебници за четврто одделение.

„Почитувани, учебниците за четтврто одделение по новата програма ги имате во фотокопирница, со боја окоричени 1650 денари, цел комплет, црно-бело цел комплет 700 денари“стои во објава на ФБ.

Министерката Царовска тврдеше дека, наставата во четврто оделение ќе се одвива со електронски уреди, а доколку некој ученик нема таква можност, училиштата имаат должност да им ги доделат во печатена форма. Откако почна учебната година не е познато дали сите четвртоодделенци имаат електронски уреди. Судејќи според реакциите на родителите не сите деца имаат таблети, па се приморани учебниците по новата наставна програма да ги принтаат сами.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.