Сончевите циклуси траат околу 11 години, а во тој период Сонцето го достигнува соларниот максимум, потоа следува период на соларен минимум.
Последниот период кога Сонцето било во фаза на соларен минимум, на Земјата имало “мини ледено доба”, научно познато како “Маундеров минимум”, кој траел 70 години.
За време на сончевиот максимум, Сонцето испушта поголема топлина и исполнето е со сончеви пеги. За време на соларниот минимум Сонцето испушта помала топлина поради намалување на магнетните бранови.
Моментално сме во соларен максимум, но во 2021 или порано, топлината која ја добиваме од Сонцето ќе започне да се намалува.
Оваа година научниците забележале дека бројот на сончеви пеги е за 60 проценти помал во однос на истиот период во 2017 година. Имено, ова значи дека Сонцето се подготвува да влезе во ладниот циклус.