Пред 129 години, на 21 декември 1891 година е одиграна првата кошаркарска утакмица во историјата. Во американскиот град Спрингфилд, Масачусец. Тоа била една презентација на новиот спорт кој го измислил канадскиот доктор Џејмс Нејсмит.
На почетокот кошарката се играла со рамената и лактите, туркајќи се, без користење на дланките. Во Мексико Сити, населбата Теотиуракан, која се смета за дел од наследството на Ацтеките, на ѕидовите има поголеми камени квадрати низ кои, во текот на играта, требало да се постигни поен. Но според достапните податоци, играта во која поединци биле и ybивани, бидејќи се верувало дека со тоа ќе му бидат поблиску на Бога, не го инспирирала Џејмс Нејсмит.
Нејсмит кој има потекло од Монтреал, Канада, се преселил во Спрингфилд. Тој бил професор по физичко образование и најголем дел од наставата посветувал на фудбалот, со кој и самиот се занимавал.
Главната желба на овој лутерански свештеник била да пронајде спорт со кој може да се занимава во затворен простор, па на тој начин учениците ќе имаат активност и за време на студените зимски денови.