Во септември минатата година, светската јавност беше потресена од веста дека еден од најубавите холивудски парови се разведува.
Актерите од тогаш ретко се појавуваа во јавност, а до сега ниту еден од нив не даде изјава за разводот.
Но Анџелина се одлучи да проговори.
Холивудската актерка е моментално во Камбоџа, заедно со децата, на промоција на новиот филм. Новинарка на “BBC News” била заедно со Анџелина на промоцијата, но покрај прашањата во врска со кариерата и постави и прашање за приватниот живот.
“Знам дека е ова многу чувствителна тема. Знаеме дека инцидентот доведе до тоа да се разведете и исто така знаеме дека ништо немате изјавено во врска со тоа. Дали би сакала нешто да ни кажеш”, праша новинарката…
Ф.Г.