(Видео) Потврдено! Ќе има реприза на “борбата на векот”: Хабиб и Конор повторно во октагонот оваа година

Повеќе нема дилема, Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор повторно ќе се борат. Тоа ќе се случи оваа година!

“Сигурен сум дека многу луѓе сакаат да ја видат оваа борба. Тоа ќе се случи”, призна Дејна Вајт, претседателот на УФЦ.

Точниот термин за реванш мечот меѓу Русинот и Ирецот ќе биде познат по одлуката на Атлетската комисија во Невада. Двајцата борци очекуваат казна поради хаосот кој настана по нивната прва борба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.