Вчера во прилепско Кадино Село се одбележаа 115 години од смртта на војводата Методија Патчев.
На настанот беа присутни повеќе македонски патриотски здруженија, кои му оддадоа почит на големиот револуционер.
Во чест на Патчев се одржа и панихида со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, кој одржа и говор, а на крајот ги повика сите заедно да запеат.
“Послушајте патриоти”, грмеше од моќниот глас на Владиката!
А.Г.