(Видео) Поранешниот шеф на ЦИА го шokиpaше светот: Отворено зборува за “НЛО снимките”

Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, за видео-снимките на Пентагон на кои наводно се забележуваат неидентификувани летечки објекти, вели дека се неверојатни и дека треба не смееме да бидеме затворени за овие работи.

“Видов некои од видео-снимките на морнарските пилоти и морам да кажам дека се неверојатни”, вели Бренан во неодамнешното интервју на Универзитетот “Џорџ Месон”.

Меѓу неколку неколку неодамна декласифицирани видео-снимки има и една од таканаречениот “тик-так објект”, кој пилотите во 2004 година го снимиле како испушта оган и со маневрите им пркоси на законите на физиката, пренесува РТ.

“Потрудете се да соберете што повеќе податоци во поглед на визуелни слики и исто така различни колекции на сензори кои сте ги имале во тоа време”, објаснува поранешниот директор.

“Навистина мора да бидете отворени, но соберете повеќе податоци и повеќе експерти”, вели Бренан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.