Во текот на гостувањето во една телевизиска емисија дојде до вербален дуел на грузиски политичари. Емисијата беше прекината скоро на нејзиниот почеток.
Во Тбилиси се сретнаа политичарите Поланд Каликов и Вепки Гургенишвили, а се почна со предупредување од Каликов.
„Зошто во емисијата сте го повикале овој шлајм? Слушај будало, ќе ти ја искршак главата со чаша“, викаше Каликов, додека од другата страна Гургенишвили веќе стана од столчето и почна псовките.
Во тој момент водителот и вработените во телевизијата пробаа да ја сопрат тепачката, но политичарите беа поупорни.
Тргнаа еден на друг и си разменија неколку удари. Најзабавното шоу во Грузија во тој момент беше прекинато.
„Се извинуваме мора да ја прекинеме програмата“, беше последно што кажаа.