Познатиот американски режисер Оливер Стоун го замоли Владимир Путин да биде кум на неговата 22-годишна ќерка Тара.
Неочуваната молба не е изненадување, имајќи во предвид дека Стоун и Путин имаат близок однос и дека неодамна имаа детално интервју. Исто така Стоун го сними и документарецот “Откривање на Украина”, во кој открива непознати детали за настаните на Мајдан.
По православните обичаи Путин не ја одби молбата, туку имаше неочекувано прашање за Стоун.
“Дали твојата ќерка ќе стане православна?”, праша Путин, на што режисерот одговори:”Нема проблем, ќе направи се што е потребно”.
“Најдобро е да ја прашаш”, рече рускиот претседател.