Денес во Кривичниот суд треба да започне судењето за „Меѓународен сојуз“, а на обвинителна клупа седат пратеничката Фросина Ременски и Бојан Јовановски, пренесува Инфомакс.
Овој предмет ќе го судат истите судии од случајот „Рекет“, Васка Николовска- Масевска и Софче Гаврилова -Ефремова. Разликата е во тоа што сега судијката Гаврилова -Ефремова е претседател на судечкиот совет, а судијката Николовска -Масевска е втор судија.
Јовановски обвинува повторно за политички игри во судницата. Според него судењето е наместено, а денешното рочиште ќе биде одложено бидејќи како што вели тој ја нема втората судијка.