Пред неколку дена започна реконструкцијата на дел од булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп. Висината на одделените средства за овој проект изнесува 60.585.000 денари, или околу 1 милион евра.
Речиси иста сума општината преку Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање минатата година плати за набавка на четири нови автобуси за јавниот градски превоз
Според градоначалникот Илија Јованоски градежните активности ќе завршат до крајот на летото.