Триесет и три лица паднаа среде улица во Њујорк по консумирањето на новата синтетичка дрога К2, позната и како „зачин“ или зомби дрога.
Сведоци раскажуваа дека овие дрогирани луѓе изгледале како зомби, а итната помош сите ги однела во болница. К2 е вид на синтетичка марихуана која и покрај забраната многу е раширена низ Америка во последните години.
-Се личеше како на свени од филмовите за зомби. Навистина ужасно. Оваа дрога ги парализира луѓето, рече Брајан Артур кој гледал како луѓето паѓаа по улица.
K2 е посебно популарна меѓу бездомниците, а специфична е по тоа што кај луѓето предизвикува целосно губење на контрола врз движењето па по консумирањето луѓето лутаа, а често и паѓаат на под.