Кога осум пајчиња паднале во канализација во Ванкувер, нивната мајка го направила она што би и секоја – побарала помош од полицајци кои се нашле во близина.
Реј Петерсон истакнал дека бил збунет кога видел како патката го влече за пантолоните додека патролирал.
-Прво ја оттурнав, но таа инсистираше, раскажува Петерсон.
Патката била упорна, го тегнела за пантолоните повторно кога сакал да си замине, а потоа отишла до канализацијата, седнала и чекала полицаецот да дојде.
-Отидов до местото каде лежеше патката и видов пајчиња во водата под решетката, додава полицаецот.
Со помош на дигалка решетката била крената, пајчињата извадени од канализацијата и заедно со мајката биле однесени на безбедно во блиското езерце.