Деновиве во Прилеп фонтаните низ градот се претворија во грозни бари, кои наместо да го красат градското подрачје предизвикуваат гнев и револт кај граѓаните.
Унијата на млади сили од Прилеп преку видео пародија го потсетија градоначалникот и општинските власти на нивната одговорност за ваквата слика која го нагрдува градот.
Жално е што властите дозволија во жабјарник да се претвори и фонтаната под споменикот “Kaрпалак”, посветен на десетмината прилепски бранители кои загинаа во конфликтот 2001-та година.