Околу 40.000 граѓани од цела Македонија излегоа на масовниот собир на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува денеска.
Реки од народ се упатија кон СЦ Борис Трајковски и пеејќи народни песни и’ даваат поддршка на владејачката партија.
Целиот простор пред СЦБТ е веќе речиси исполнет, а групи на граѓани продолжуваат да доаѓаат од сите страни. Упатените велат дека доколку собирот бил на отворено, тогаш бројката би била и поголема, со оглед на ограничениот простор во салата.
Внатрешноста на СЦБТ е целосно исполнета.