Околу 20.000 граѓани од пред Црвениот крст се движат кон седиштето на СДСМ на мирен протест искажувајќи го незадоволството од аболицирањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев и разузнавачот Зоран Верушевски. Бројката на граѓани и се придружува на огромната маса народ од минута во минута постојано расте.
Граѓанското движење за одбрана на Македонија со околу 20.000 граѓани бара избори да се одржат на 5 јуни со цел Република Македонија да излезе од кризата во која се наоѓа и земјата да продолжи да оди напред.