Осудениот убиец Редоан Феад денес втор пат избега од затвор и тоа со хеликоптер, а видеото од тоа “филмско” бество се појави на социјалните мрежи.
За време на беството на Фаид никој не е повреден и нема заложници, соопштуваат од француското министерство за правда.
“Вооружените командоси слетале со хеликоптерот на теренот на кој се шетаат затворениците, додека затвореникот бил во просторијата за посета”.
Како што пренесуваат француските медиуми, хеликоптерот слетал во 11:20 часот. Од него истрчале тројца вооружени мажи кои успеале да упаднат во затворот во кој, без посебен надзор, се наоѓал Фаид.
#Breaking: #French bank robber Rédoine Faïd escapes prison for the second time in 5 years. This morning he was extracted from his prison by a helicopter and 3 heavily armed accomplices. They flew him to highway A1 where they landed & set the helicopter on fire. He fled by car. pic.twitter.com/o8YqJl9hnY
— Jona Wolff (@WolffJona) July 1, 2018
Го извеле од просторијата и се упатиле кон хеликоптерот со кој сите заедно избегале. Набрзо хеликоптерот е пронајден на неколку километри од затворот, напуштен и запален, а Фаид и помагачите патот го продолжиле со автомобил.