Подвигот на Американецот Џош Бодуен многумина остави без здив – овој 33-годишен професионален акробат премина преку жица оптегната над бара преполна со крволочни крокодили.
Бодуен својот од по жица го забележал со камера и снимката ја поставил на интернет. За неколку секунди може да се види неговото напредување по јажето со ширина од 2,5 сантиметри, без никаква заштита, над матната вода во која се кријат крокодилите.
За време на преминот, младиот акробат стаса дури на крокодилите да им фрла парчиња месо.
-Во оваа рабта е важно да го препознаете стравот, но да не му дозволите да ја преземе контролата над вас, вели Бодуен.
-Имав впечаток дека во барата има најмалку 100 крокодили, но ког ги изброив утврдив дека се само девет. Меѓутоа, набрзо, започнаа да доаѓаат и други. Тогаш сфатив дека не смеам да погрешам, раскажува Бодуен.
Во еден момент „крокодилите беа многу блиску до мојата нога“, вели тој, додавајќи дека сепак успеал да остане присебен и безбедно да ја заврши екстремно ризичната прошетка по жица.