Видео од руски педијатар кој прегледува штотуку родено бебе, се рашири низ социјалните мрежи и ги шокира сите.
Се работи за целосен преглед, кој се врши после раѓањето, но овој доктор не беше ни малку нежен.
Со груби потези, речиси болни за гледање, му ги мрдаше рацете и нозете на штотуку родено бебе, го тресеше исто како да е кукла.
Бебето цело време вриштеше, а на крајот докторот да му нареди “потивко”. Бебето навистина се смири, но дури откако го спушти во креветот.
А.Г.