И покрај тешко прифатениот пораз на американските избори, Доналд наводно се радува на новиот живот кој го чека во сончевата Флорида. На ова место секогаш имал најсрдечен дочек, голем круг на пријатели и едноставно се чувствува како свој на своето.
Кога Доналд Tpaмп и официјално ќе му ја предаде титулата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, со својата сопруга Меланија и синот Барон ќе мора да ја напуштат Белата куќа.
Како што пренесуваат американските медиуми, семејството ќе го продолжи животот на југот од земјата, во сончевата Флорида.
Според “People” магазинот, семејството Tpaмп ќе се пресели во резиденцијата “Mar-a-Lago” во Palm Beach Флорида, а градежните работи на вилата наводно веќе се започнати. Оваа вила некогаш и припаѓала на успешната Марџори Мериведер Пост, а за потребите на новото семејство дополнително ќе се прошири и преуреди.