Најголемиот речен остров во светот, Маџули, би можел да исчезне. Во изминативе 70 години, Маџули се намалил за повеќе од половина, а во наредниве 20 години се очекува целосно да потоне.
Овој остров во Индија беше под константна закана поради зголемената ерозија на тлото од брегот. Причината за ова се големите насипи изградени во градовите покрај реката Брамапутра, како би се заштитиле од монсуните.
И додека локаните власти се обидуваат да смислат начин да го сочуваат островот, еден човек смета дека знае како да се реши овој проблем. Тој цели 40 години, секој ден сади дрва на островот.
Џадав Пајен во 1979 година, како 16-годишник, одлучил секој ден на островот да сади по едно дрво. До сега засадил 550 хектари шума, што е поголема површина од Централ парк во Њујорк.
Шумата сега е дома за бенгалски тигри, индиски носорози и крдо од 100 слонови кои пристигнуваат секоја година.