Претседателот на САД, Доналд Трамп размислувал да остави коронавирусот да ја преплави државата, додека во март се разгледувала стратегијата за решавање на кризата, пренесува Вашингтон Пост.
На состанокот кој се одржал на 14 мар- истиот ден кога Трамп ја предложи забраната за патување во Британија и Ирска во намера да го усопори ширењето на пандемијата- тој предложил во САД да се дозволи “имунитет на крдо”.
Контроверзниот пристап- кој во тоа време го заговараа некои експерти, ќе дозволеше болеста да се шири под претпоставка дека многу ќе развијат само благи симптоми и ќе почни да се развива раширен имунитет на болеста.
“Зошто да не го дозволиме тоа за да ја исчистиме земјата?”, претседателот наводно го прашал др.Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести, еден од најдобрите научни експерти во оперативната група на Трамп за коронавирусот.