Секоја година, повеќе од 700 храбри алпинисти тргнуваат кон освојување на Монт Еверест.
Оваа година дури 381 алпинисти добија дозвола за качување, со што е соборен рекордот. Сепак следејќи ги авантурите на алпинистите, никој не мисли на нивните водичи.
Голем број експедиции изнајмуваат комерцијални водичи и за тоа плаќаат меѓу 60.000 и 65.000 долари.
Под тоа се подразбира водич и луѓе кои носат дел од товарот на алпинистите, како би се качиле полесно на врвот. Таквите авантури достигнуваат цена и до 100.000 долари или повеќе.