Фанцуски научници откриле во какви услови не може да се развие органски живот на Земјата, но за да го потврдат тоа се упатиле кон врелите извори Далол во етиопската депресија Данакил.
Овие извори не се познати само по тоа што се жешки. Целиот предел е исполнет со мали езерца и извори на исклучително солена вода која околината ја прави да изгледа нереално со прекрасна палета на бои- зелена, жолта, портокалова и кафена.
“Тоа е едно прекрасно, но непријателско место. Воздухот исполнет со хлор ни ги “запали” дишните канали. Ако било какви микроорганизми овде постојат, мора да се естремофилни микроби кои би биле многу интересни за астробиолозите”, вели предводникот на експедицијата Фелипе Гомес од шпанскиот Центар за астробиологија.