Покраината Саксонија е најтешко погодена од овој бран на kopoнавиpycoт. Властите размислуваат целосно да ги изголираат дел од градовите и општините. Без оглед на тоа, луѓето на истокот од Германија се сомневаат во официјалните бројки и мерките кои ги презема државата.
Вестите од источна Германија се навистина вознемирувачки. Покраината Саксонија бележи над 400 новозapaзени на 100.000 жители во последните седум дена. Во три окрузи оваа вредност премина и 600. Германскиот просек во моментов е 179.
Поради ваквата ситуација, Саксонија два дена порано го започна кapaнтинот. Продавниците, училиштата и градинките се затворени, сите се повикани да останат дома. Но по се изгледа дека луѓето не го прават тоа- раздвиженоста во Саксонија, според некои податоци, е најголема во цела Германија.
Покраинските власти размислуваат дополнително да ги заострат мерките. Како што пренесуваат дел од медиумите, можно е целосно изолирање на некои градови од остатокот на земјата.
Овие вести го вознемирија локалното население. Покраинскиот премиер Михаел Кречмар со смирувачки говор рече дека сеуште ништо не е одлучено, веројатно сака да ја избегни xиcтepијата и паниката. Тој вели дека најпрво е потребно да се почека две седмици и да се види каков ефект ќе имаат новите мерки, а потоа ќе се размислува за нови опции.