Ако администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, ги повлечи трупите и опремата од Јужна Кореја и доколку обезбеди мировен компромис со кој би можел да се заврши конфликтот на полуостровот, тоа би можело да значи нормализирање на односите помеѓу Северна Кореја и САД.
Ова го изјави севрнокорејскиот амбасадор во ООН , кој додаде дека Пјонгјанг за сега ќе продолжи со својата политика на “симултан развој” и нуклеарна програма.
Трамп во кампањата најави драматичен пресврт на односите меѓу САД и С.Кореја, за кои изјави дека вреди да се проба, бидеќи постои надеж да ги промени размислувањата на Ким Јонг Ун за нуклеарната програма на неговата држава.
Ф.Г.