Шокантна информација во емисијата “Само интервју” на “Канал 5”, oбјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, кој посочи кој од прилепските функционери на СДСМ Прилеп ги иницирал заканите кон семејството на Д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
Николовски објави комуникација и вели дека заканите ги иницирал Александар Ѓорѓиоски, претседател на младите на СДСМ во Прилеп.
Николовски посочи дека овие докази биле доставени до МВР и досега од министерството раководено од Оливер Спасовски нема никаква реакција.
Прилепчани вечерва останаа вчудоневидени и згрозени од тоа што го слушнаа за својот сограѓанин. Следуваат ли оставки од советничката листа на СДСМ Прилеп, а за одговорност дека со сигурност ќе има посочи и Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.