Двократниот претседателски кандидат на демократите, Хилари Клинтон, и по трет пат ќе се обиде да влезе во Белата куќа, напиша нејзиниот долгогодишен советник Марк Пен во текст кој го објави “Волстрит журнал”, предвидувајќи дека поранешната прва дама и државна секретарка ќе започне да се подготвува за кампања во 2020 година.
Клинтон изјави во интервју минатиот месец дека би сакала да биде претседател, иако претходно изјави дека не сака да се повторно да се кандидира.
Филип Рајнс за Политико изјави дека во моментов не гледа сериозен противкандидат на Трамп од таборот на демократите.