Научниците во Сингапур создадоа “вештачка кожа” со која ќе може да се почувстува допир, што е иновација која многу ќе им помогне на луѓето со протези да ги препознаваат предметите и да ја почувстуваат нивната текстура. Тие тврдат дека со оваа кожа луѓето ќе можат да почувстуваат температура, па дури и болka.
Оваа “кожа” наречена “ACES” ја сочинуваат околу 100 мали сензори и има големина од 1 квадратен сентиметар.
Научниците од Националниот универзитет во Сингапур велат дека овој уред може да процесуира информации побрзо од човечкиот нервен систем и е способен да препознае од 20 до 30 различни текстури, може да ја чита и Браевата азбука со повеќе од 90% точност.