Копачи на злато на југото од Австраија пронашле две големи парчиња вредни околу 350.000 австралиски долари, односно 250.000 американски долари.
Вкупната тежна е 3.5 килограми, а златото било пронајдено во близина на Тарнагула, Викторија.
Брент Шенон и неговиот роднина Итан Вест го пронашле златото со помош на таткото на Итан, Пол Вест. Златото би можело да достигне и до 30% повисока цена, ако за него се заинтересира некој колекционер.
“Го пронајдовме на недопрено подрачје, каде никој претходно не истражувал”.