Светскиот рекордер во во минимално трошење на енергија доаѓа од Германија, а со еден литар бензин поминува 11 илјади километри.
Ова мало електрично возило доаѓа од минхенскиот технички универзитет и носи ознака TUfast eLi14. Се работи за едносед со три колца и крајно смалени димензии. Врвната аеродинамика се подразбира, како и минималната тежина.
Се е подредено на штедливост, па затоа не не чуди фактот што на ова возило се работело цели две години.