(ВИДЕО) НАЈСКАПОТО РУСКО ОРУЖЈЕ: Нема да имаат конкуренција ниту во воздух, ниту на вода – но има еден проблем…

Ова се двата најскапи проекти на руското вооружување. Тие ќе ги зацврстат позициите на Русија како светска воена супер сила, но исто така ќе бидат најголемо оптеретување за рускиот воен буџет.

Руската војска ја усвои концепцијата за изградба на најголемите носачи на авиони во светот, со големина на три фудбалски терени.

Проектот се вика “Шторм” и вреди околку 350 милијарди рубљи или 17.5 милијарди долари во зависност од конструкцијата на бродовите.

За разлика од носачот на авиони “Адмирал Кузњецов”, кој Русија сега го поседува, новиот брод ќе биде класична “пловна воздухопловна база”, што значи дека нема да има ракетни системи и системи ПВО, туку само голем број на авиони ловци и бомбардери на палубата под неа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.