Британецот Ијан Вилсон тврди дека го открил исчезнатиот малезиски авион во џунглите на Камбоџа.
Напорите да се открие што точно се случило со авионот на летот 370 од Малезија Ерлајнс, се интензивираат во последниве неколку месеци, а истражувачите се упорни во намерата да го решат ова мистериозно исчезнување.
Ијан Вилсон, аматерски технолошки детектив кој го барал авионот на “Гугл Мапс”, верува дека можеби го открил главниот доказ. Тој тоа го поткрепува и со фотографија на која се гледа објект сличен на авион, а до која дошол со детално истражување на сателитските снимки.