Научниците на Томискиот политехнички унивезитет на колегите од другите руски научни центри и универзитети им соопштија дека забележале рекордна емисија на метан во Источносибирското море.
Експертите ја започнале експедицијата во водите источно од Арктикот, а целта била истражување на еден од деловите на Источносибирското море, каде претходно биле откриени гасни фонтани.
Емисијата на гасот не ја забележале само со специјални инструменти, туку и со свои очи виделе како гасот излегува од морските длабочини.