(Видео) “Навpeме peaгиpaвме, виpycoт е под контpoла, Владата е cyпep?”

Иако деновиве константно во Македонија има над 100 новозapaзени со кopoнавиpyc, од владеачката СДСМ постојано повторуваат дека на избори треба да се оди час поскоро. Она што го велат од централата во Скопје, го повторуваат општинските организации на нивните секојдневни прес конференции.

Прес конференцијата во продолжение е на Александар Ѓорѓиоски, претседател на СДММ од Прилеп и кандидат за пратеник на СДСМ во четвртата изборна единица.

“Благодарение на соодветната и навремена реакција на македонското здравство, епидемијата на коронавирусот во нашата земја, е ставена и се држи под контрола. Сега е време за новата нормалност. Да научиме да живееме со коронавирусот, да не се опуштаме, затоа што единствен начин за да се задржи вирусот под контрола, е сите да ги почитуваме мерките за лична заштита и заштита на јавното здравје. Нашето ново секојдневие, нашиот нов начин на секојдневно функционирање, подразбира носење заштита опрема на лицето, маска, шал, марама, соодветна дистанца и редовна дезинфекција на рацете”, вели Ѓорѓиоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.