Сите знаеме дека кај нас болниците се преполни, па често не може да се најде слободно мeсто за седење во чекалните, а на таков проблем наишла и една трудница во Кина.
Затоа што никој не сакал да и отстапи место, сопруот ѝ рекол да седне на него, поточно на неговиот грб.
За тоа време, многу мажи, но и жени, седеле и си куцале на телефоните.
Странските медиуми пренесуваат дека видеото е снимено во Хенганг на североистокот од Кина, а на интернет го објавила полицијата.
Сите го пофалиле грижливиот сопруг кој глумел столче, иако тоа немало да мора да го прави ако постоела почит во чекалната.