(Видео) На Роналдо му се допадна Балканот: По Дубровник еве каде одлучи да летува познатиот португалски фудбалер

Кристијано Роналдо по напорната сезона и по одморот во Дубровник реши да се пече и под сонцето во Грција.
За свое место за одмор, Роналдо како и лани повторно го одбра полуостровот Пелопонез. Според она што го пишуваат медиумите кои во чекор ја следат супер ѕвездата на Јувентус, Роналдо се сместил во кралската вила Метони која се наоѓа во близина на истоименото место во луксузниот дел на полуостровот Коста Наварино.

Според она што го пишуваат медиумите, Роналдо и неговата поубава половина за еден ден во оваа вила плаќаат 8.000 евра. Најавен бил престој од 7 дена за кој фудбалерот ќе плати 56.000 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.