ВИДЕО: Морина пречекан со тапани и песни на Косово

Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина кој вчера замина на Косово, беше пречекан со тапани откако Врховниот суд на Република Македонија одлучи дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина во Република Србија и му се укинува мерката притвор.

Газета Експрес пишува дека Морина по излегувањето од скопскиот затвор во Шутка го пречекале претставници на амбасадата на Косово во Скопје, членови на семејството и пријатели со музика.

За потсетување, официјален Белград реагираше на одлуката на Врховниот суд на Република Македонија.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека Северна Македонија со одлуката дека нема услови за екстрадиција на Томор Морина на Србија ја поткопала суштината на меѓународното право, додека српската министерка за правда, Нела Кубуровиќ, порача дека со одлуката на Врховниот суд се покажало дека политиката е над правдата.

Извор: прес24




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.