Низ социјалните мрежи кружи снимка на која се гледа пијано момче како скока во базен полн со ајкули. Момчето на снимката, како „најхрабар“ во своето друштво одлучило да го ризикува својот живот и да се разлади меѓу морските кучиња.
Една од ајкулите со брзина на светлината плива до пијаното момче, а тој со тешки маки се обидува да излезе од базенот. Сето тоа погледнете го на снимката која е прегледана повеќе од 500.000 пати.