На 12 километри северно од литванскиот град Шиаулаи се наоѓа рид по кој оваа држава стана позната во светот на туризмот.
Ридот крие голем број на тајни и легенди, бидејќи тука се поставени над 100.000 крстови.
Според една легенда, некој човек во 1850 година ветил дека ќе постави голем крст ако оздрави од лошата болecт од која боледувал. Неговиот пример го следеле и останатите мештани, па по неколку години биле поставени над 100 крстови.