(ВИДЕО) МИСТЕРИЈАТА НА НАЈОДДАЛЕЧЕНАТА ПЛАНЕТА: Научниците немаат објаснување за она што се наоѓа на површината на Плутон

Научниците открија уште еден егзотичен феномен на една од најчудните планети во соларниот систем – пространите дини на површината на далечниот и леден Плутон, се составено од замрзнати зрнца на метан, со големина на песок.

Дините забележани на снимките од космичкиот брод “Нови хоризонти” на НАСА, кои се направени кога бродот поминувал покрај Плутон во 2015 година, се наоѓаат на границата меѓу нитрогенскиот глечер во облик на срце, со големина на Франција, и планинскиот венец Ал Идриси Монтес кој е составен од мраз, соопштија денес научниците.

” Иако е толку далеку од Земјата и е толку ладна, Плутон има хаотични процеси какви што никогаш не очекувавме да видиме. Далеку е поинтересна од она што очекувавме”, вели Јани Редебау, научник од Универзитетот Бригам Јанг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.